„Дали телефонот те прислушкува?“ – Сајбер шејк дискусија за млади

Во четврток (19 октомври) од 17:30 часот во просторот Netaville, Фондација Метаморфозис организира „Cyber Shake“ дискусија за млади на тема „Дали телефонот те прислушкува?“со поддршка на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.

„Фокусот на дебатата ќе биде ставен на приватноста и начинот на кој се користат собраните податоци за корисниците во маркетинг цели. Сметаме дека би било интересно оваа дискусија за сајбер безбедност да се одвива низ призмата на социјалните мрежи, дигиталниот маркетинг и слично – како теми од интерес на младите“, најавуваат организаторите.

Како говорници се потврдени министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, Елинда Стојановска Милошевска од А1 Македонија, и Ристо Савески од МОФ, додека се очекува на панелистите да им се придружи и претставник од академијата.

Повеќе информации за настанот има на следниот ЛИНК, а линкот за регистрација е достапен ТУКА.