ЦУК: Пожарот во Тетовско е ставен под контрола, следува испитување на водата за пиење

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола. Има по малку чад, но на лице место континуирано се’ уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата.

Согласно информациите во ЦУК, екипа Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово е на терен и за да ја испитаат водата за пиење. Но, резултатите ќе бидат готови за неколку дена.

Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.

Инаку, пожарот во фабриката за „Еуроком“ во тетовското Фалише избувна вчера попладне, па ЦУК им препорачаа на граѓаните во околината да ги затворат прозорците и да не престојуваат на отворено. ЦУК беше во координирана помош со пожарникарите од Скопје, Велес и Куманово. Беше побарана помош и од гостиварски приватни фирми, а дополнително беше ангажиран и хеликоптер од МВР, но временските услови тоа не го дозволуваа.