Броеви на кои може да пријавувате нерегуларности до Државниот инспекторат за животна средина

Министерството за животна средина ги повика граѓаните да пријавуваат дејствија со кои се загрозува животната средина.

На нивната Фејсбук страница, споделија контакти од Државниот инспекторат за животна средина, вклучително и од директорот Фејзула Спахија.

„Сите државни инспектори по завршување на работното време (8:30-16:00ч.) се во пасивно дежурство во случај на вонредни состојби, односно вонредни инспекциски надзори, како и за ненајавени инспекциски надзори ноќе или за време на викенди“, стои во објавата на министерството.