„Беседа“ се победници на „Лузер Фест 2022“

Кумановскиот состав „Беседа“ е победник на овогодинешниот „Лузер Фест 2022“ – вечер посветена на новата музика од македонската сцена, која се врати во офф програмата на „Таксират“, како предвесник на главната вечер на фестивалот.

Дечките учестуваа на фестивалот и свиреа заедно со осум други бендови во МКЦ, а гласањето го правеше публиката и жири објавено пред настанот.

„Честитки за ‘Беседа’ и голема благодарност до сите бендови кои настапуваа вечерва и до сите вие што дојдовте да ја поддржите домашната алтернативна сцена!“, соопштија од „Таксират“.

„Беседа“ е состав оформен во 2020, во екот на пандемијата, со поттик произлезен од желбата за формирање на еден цврст и моќен звук кој ги пробива границите на емоционалната страна на секој човек. Тие се спој на психоделичен стонер рок, стонер метал, дум метал елеметни зачинети со прогресивни бранови.

Бендот го сочинуваат Мирослав Јаневски на бас и вокали, Немања Златановски и Гордон Величковски на гитари и Андреј Мициќ на тапани со пратежни вокали.

„Никад ама никад не се откажујте, не престанујте да сануете и не престанујте да га правите тој што истински га сакате. Беседа не е четири член бенд од Куманово, Беседа е една Голема Кумановска фамилија која се сака и поштуе меѓу себе,а фала богу поштуев гу и од други стране. У ред слзе, ред мрсољи па још некој ред слзе радоснице, беше ичера и још е Беседа. Куманово е имало и још увек има Алтернативну сцену“, пишаа од бендот по синоќешниот „Лузер Фест“.

Традиционално, организаторите обично за најдобриот подготвуваат награда – издавање студиски албум, снимен во професионално музичко студио, а објавен под етикетата на „Пасворд Продакшн“.