Отворен е конкурсот за пријавување за „Лузер фест“

Пасворд продукција го отвори конкурсот за пријавување за годинешното издание на фестивалот на нова авторска музика, „Лузер фест“.

„Таксират ги повикува сите нови македонски музичари, групи или самостојни изведувачи, да ни ја претстават својата музика, да го покажат својот талент и креативност, и да се пријават“, стои во повикот.

Рокот за пријавување е најдоцна до 25 октомври.

„Победникот традиционално ќе го избереме заедно, за време на ‘Лузер Фест’ со гласање на публиката и на жирито чии членови ќе ги објавиме непосредно пред одржување на настанот. За најдобриот изведувач следува награда – снимање и издавање на студиски албум. Снимањето ќе биде во професионално музичко студио, а албумот ќе биде објавен од страна на ‘Пасворд Продукција’“, информираат од Таксират фестивал.