Објавени финалистите за „Лузер фест 2022“  

„Пасворд“ ги објави финалистите што ќе настапуваат на овогодинешниот „Лузер фест“ – вечер посветена на новата музика од македонската сцена, која се враќа во офф програмата на „Таксират“, како предвесник на главната вечер на фестивалот.

„3-те декември во Младински Културен Центар – Скопје, со почеток од 20 часот, еден од овие 8 демо артисти ќе ја добие титулата на најдобриот ЛУЗЕР: БЕСЕДА, HALFGOD, ЕНДЕМСКИ ВИД, RUSTSTAINED, ОЛОВНА РЕСТРИКЦИЈА, MENZEL, JEFF BAHAMI, ХАРАКИРИ“, објавија од „Таксират“ / „Пасворд“.

Организаторите посочуваат дека изборот на победникот го прави публиката и жири објавено непосредно пред настанот.

Истата вечер ќе може да се даде глас преку тајно гласање. Билет е 100 денари, кој ќе важи како гласачко ливче.

Организаторите претходно најавија дека дека за најдобриот следува награда – снимање и издавање на студиски албум. Албумот ќе биде снимен во професионално музичко студио, а објавен под етикетата на „Пасворд Продакшн“.