Бектеши: Граѓаните да пријават зголемени цени на основни прехрамбени производи

Министерот за економија, Крешник Бектеши ги повика граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), да пријават во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.

„На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците коишто не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи“, се вели во соопштението на министерството.

Согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, започнувајќи од 6 декември се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.