[Анализа] Цените на храната во Македонија се доближија до “европските“ – 2022 та завршува со ценовно цунами

Сигнал од светските пазари, во јули цените на храната и на суровините во пад – но колку овој тренд ќе се одрази врз крајните потрошувачи. Засега – Македонија и земјите од регионот на свој начин се подготвуваат да ја завршат економската 2022 ра во амбиент на силен ценовен притисок и енергетска криза, пишува Порталб. Сепак – различни земји на различен начин се борат со инфлацијата. Албанија и Хрватска најавија замрзнување на цените на струјата а дел од економиите и воведуваат ценовни ограничувања за храната.

Во земјава инфлација од 14,2% – очекувања до крајот на годината…

Европските економии ги зголемија прогнозите за инфлацијата од 5,7% на 8,1% за годинава и од 3,2% на 4,5% догодина. Повисока инфлација се очекува кај сите трговски партнери на земјава, особено во Германија и во Хрватска. Сепак веќе има сигнали за забавување на растот на цените на житариците, во пад се цените на металите а се намалуваат и цените на нафтените деривати.

“Оцените за растот на цените на пченката и пченицата во 2022 се ревидирани претежно во надолна насока . За 2022 година се очекува помал раст кај пченицата и кај пченката, при поповолни оцени за идното производство, загриженост околу идната побарувачка и подобрени изгледи во однос на снабдувањето од Украина“ – наведуваат од Народната банка.

Додека прогнозите упатуваат на смирување на ценовниот притисок, во Македонија живеачката станува се поскапа – во август во споредба со истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8% но на месечно ниво за 1,3%. Во продавниците и натаму се бележат поскапувања,  само кај храна и пијалаци е регистриран годишен пораст на трошоците за 25%.

Цени во регионот…

Од регионот, цените на храната во Хрватска се највисоки. Владата веќе направи чекор за заштита на животниот стандард – ограничување на цените на храната и на струјата.

„Кој ќе троши најмалку ќе плаќа и најниска цена. Првиот дел од пакетот мерки е насочен кон ублажување на растот на цените на струјата. Кога станува збор за домаќинствата ќе одиме на ограничување на цените а мерката ќе важи од 1 ви октомври до први март“, најави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Замрзнати“ цени и на основните прехранбени производи па така масло за јадење ќе чини 2,1 евролитар млеко 0,98 евракилограм шеќер 1,06 евра а цената на брашното ќе се движи околу едно евро по килограм. Во Хрватска цените на месото се значајно повисоки во однос на другите земји во регионот – килограм свинско месо или едно пиле се со речиси иста цена од 25 евра.

Во Албанија во јули беше регистрирана една од најниските стапки на инфлација во споредба со земјите од регионот, ниво од 7,5%. Според властите од почетокот на воената инвазија врз Украина, само цените на храната се зголемиле за повеќе од 13 отсто. Во ек на енергетска криза која ја тресе Европа, албанскиот премиер Еди Рама најави “замрзнување“ на цените на струјата за домаќинствата со коментар :

„Ние донесовме одлука која не знам дали е паметна или луда, цената на струјата за домаќинствата да остане иста. Прашањето е до кога ќе трае ова, и да имате пари нема енергија што може да се купи“, рече Рама.

Соседна Србија важи за земја во која цените на основните прехранбени производи се пониски. Така килограм брашно чини околу 0,60 евра а шеќерот 0,85 еврацената на млекото е близу 1 евро а на маслото за јадење 1,6 евраКилограм пилешко месо се продава по цена од околу 4,2  евра а телешкото чини околу 9,8 евра за килограм.

Деновиве Србија забрани извоз на млеко, но од оваа рестрикција изземени се Македонија и Албанија.

Дали доаѓа бран на “поевтинувања“ ?

Додека светот се соочува со растечка инфлација – дел од економистите велат дека ценовниот притисок сепак ќе мора да “попушти“ – побарувачката за производи се намалува поради страв од криза и од рецесија, граѓаните веќе селектираат од што ќе се откажат и кои призводи ќе ги купат што директно се одразува врз производството, односно компаниите.

Светската организација за храна ФАО веќе објави охрабрувачки податоци, цените на храната и на суровините за преработка во јули се намалени за 8,6% на месечно ниво – пред се како резултат на пад на цените на растителните масла и на житариците. Но на годишно ниво храната е поскапена за 13,1%. ФАО во јули регистрираше пад на индексите на цени кај основните прехранбени производи:

                                    ФАО( индекс на цени јули/јуни)

Житарки                                 -11,5%

Растително масло                -19,2%

Шеќер                                       -3,8%

Млечни производи                -2,5%

Месо                                          -0,5%

Кај некои производи во јули е регистриран прв месечен пад на цените во измината половина година до една година. Останува отворено прашањето колку овој тренд на пад на цените ќе го почувствуваат крајните потрошувачи со оглед на тоа што неизвесноста од воената криза во Украина сеуште е закана за глобалната економија.

Извор: Порталб.мк