Анализа: Се намалува бројот на невработени, ама се намалува и работната сила и активното население во земјава

Само за три месеци бројот на работоспособното население во земјава е намален за 1 300 лица, а на активно население за повеќе од 2 000. Овие параметри се основа за пресметување на вработеноста и невработеноста, пишува Порталб. Бројките на Агенцијата за вработување пак покажаа дека во октомври за прв пат годинава има пораст на бројот на невработени.

Невработени –  44,2% се етнички Македонци, 36% етнички Албанци

За прв пат годинава, во октомври на месечно ниво е регистриран пораст на бројот на невработени. Во деветтиот месец од годинава вкупниот број на невработени изнесувал 113 893, што е за 13 860 помалку во однос на јануари но за 1 429 повеќе во однос на септември. Според податоците од Агенцијата за вработување, од почетокот на годинава бројот на невработени постојано се намалувал, а во октомври е регистриран тренд на пораст. Дополнително, како “други лица кои бараат работа“ се регистрирани уште  46 673 невработени.

Според етничката припадност 44,2% се Македонци а скоро 36% Албанци а на трето место според бројот на невработени се Ромите а за невработени се пријавени и 46 Власи и двајца Бошњаци

                             Невработени според етничка припадност

                               Македонци                              50 378

                               Албанци                                    40 920

                              Роми                                           11 482

                              Турци                                           7 554

                              Срби                                                592

Повеќе од половината невработени се без образование или само со основно образование а голем е бројот на оние со завршено средно образование кои се без работа.

                          Невработени според образование

Без образование(или основно)                              65 811

Завршено средно образование                              28 045

Непотполно средно образование                           10 496

Више образование                                                            938

И 18 доктори на науки и 623 магистри се на листата невработени.

                             Невработени според образование

Високо образование                                                       7 892

Магистри на науки                                                           623

Доктори на науки                                                              18

На крајот од октомври во Агенцијата за вработување се пријавени 14 942 невработени лица кои останале без работа во периодот на Ковид кризата.

На тројца вработени во приватен сектор – еден вработен во државен или мешовит

Заводот за статистика измери дека невработеноста во земјава се намалува – на крајот од третиот квартал биле евидентирани 115 266 невработени или стапката на невработеност изнесува 14,3%, пониска за 0,2 процентни поени во однос на вториот квартал. Но се намалува и бројот на работната сила  и на активното население – кои се основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Така, во земјава во третиот квартал бројот на работоспособно население се намалил за 1 300 во однос на вториот квартал а бројот на активно неселние во истиот анализиран период е намален за 2 135.

                                                             II квартал   2022               III квaртал 2022

Работоспособно население             1 466 819                             1 463 901

Активно население                               810 453                                 808 328

Невработени                                          117 276                                 115 266

Вработени                                               693 177                                 693 062

И натаму најголем дел од невработените со на возраст од 20 до 49 години, категорија на граѓани кои се во најпродуктивниот и најработоспособен период од животот и оваа група опфаќа 70 934 невработени лица што преставува 61,5% од вкупниот број на невработени , а на второ место се невработени на возраст од 50 до 64 години или 21,5% од невработените.

                                        Невработени според возраст

Од 15 до 24 години                        19 587

Од 25 до 49 години                        70 934

Од 50 до 64 години                         24 744

На крајот од третиот квартал во државава биле регистрирани 693 062 а од нив 520 886 во приватен и 172 176 во државни фирми или фирми со мешовитa сопственост – што би значело дека на тројца вработени во приватниот сектор има еден вработен во државен (мешовит) сектор. Во приватниот сектор најголем број на вработени апсорбираат преработувачката индустрија, над 135 000 лица, во трговијата се вработени скоро 108 000 луѓе а во земјоделството 66 300. Од државниот сектор и во фирми со мешовита ( државно-приватна ) сопственост скоро 48 700 се вработени во јавна управа, одбрана и социјално осигурување, 42 745 се вработени во образование а 11 800 лица се вработени во секторот водовод и комуналии.

Извор: Порталб.мк