Илјадници демонстранти протестираа во Брисел поради трошоците за живот

Зголемените цени на храната, запрепастувачките сметки за електрична енергија и фрустрацијата од политичарите и работодавците предизвикаа вчера да излезат 10.000 луѓе на улиците на Брисел да протестираат, јавува Евроњуз. Облечени во зелено, сино и црвено, боите на трите главни синдикати, гневот беше опиплив додека се собираа во центарот на градот.

Демонстрантите изјавиле дека сакаат локалните, националните и европските политичари да реагираат веднаш и да преземат итни мерки за да им помогнат со финансискиот товар од кризата.

Тие велат дека одговорноста е на политичарите од земјата да ги решат работите и да не ја префрлаат вината на геополитиката.

„Работам во изминатите 23 години и сега за првпат имам вистински потешкотии да преживеам“, изјави демонстрант од Брисел.

Друг демонстрант од Шарлроа рече дека „смета на неговата влада да ги реши проблемите и да најде решенија“.

Некои од демонстрантите носеа банери со кои бараа да се измени законот од 1996 година за „благосостојба на работниците“ за синдикатите да можат да преговараат за зголемување на платите.

Истовремено, за 8 ноември е најавен генерален штрајк во земјата.