Тринеделните демонстрации во Панама доведоа до недостиг од храна, гориво и лекови

Тринеделните континуирани демонстрации и блокади на патиштата во Панама поради високите цени на горивото и храната почнаа да создаваат недостиг на некои прехранбени производи, гориво и лекови.

Поради блокадата на патиштата, вклучувајќи го и Панамериканскиот автопат, националната електрокомпаннија мораше да воведе рестрикции на струјата во провинцијата Даријен која се граничи со Колумбија. Цистерните што превезуваа гас за производство на струја не можат да пристигнат. Околу 7.000 семејства се погодени од прекините на струја до 11 часа дневно.

Еден продавач изјави дека намирниците му доаѓаат од висорамнините во западната провинција Чирики, и дека тоа што пристигнува е во мала количина, а е скапо и оштетено. Провинцијата Чирики е главниот снабдувач за храна на Панама.

Домородците кои живеат таму блокираа големи делови на Панамериканскиот автопат, со што ги запреа камионите што носат производи до главниот град. Блокадите, исто така, ги запираат испораките од други земји од Централна Америка.

Организациите што ги претставуваат земјоделските производителите велат дека протестите предизвикале загуби од повеќе од 130 милиони долари досега.