Барби направи кукла од ликот на научничката која ја создаде вакцината на „Астра зенека“

Компанијата Мател, која стои зад брендот Барби, направија посебна кукла инспирирана од научничката Дејм Сара, која ја дизајнираше вакцината на Астра Зенека против коронавирусот.

Сара изјавила дека новата кукла е многу чудна на прв поглед, но се надева дека ќе ги инспирира децата, пренесе Би-Би-Си.

„Мојата желба е куклата со мојот лик да им ги покаже на децата професиите за кои можеби не се свесни, како вакцинолог.

Нејзината Барби кукла е една од шесте кои ги слават жените кои работат во науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ).

Вакцината на Сара во моментов е најшироко распространетата вакцина во светот која се користи во повеќе од 170 држави.

„Пасионирана сум да ја инспирирам следната генерација девојчиња во СТЕМ професии и се надевам дека децата кои ќе ја видат мојата Барбика ќе сфатат колку се важни кариерите во науката при помагањето на светот околу нас“, рекла таа.

Последниве години компанијата која произведува играчки се соочи со критики поради тоа што нивните Барби кукли воспоставуваат нереални слики за женственост. Сега тие имаат и сетови кукли кои се фокусирани околу професии како пожарникарки, докторки и астронаутки, како и широк спектар на бои на кожата на куклите покрај оригиналната бела блондинка која првпат беше произведена во 1959 година.