[Аудио] Претставата „Види, летам!“ поттикнува емпатија кон бегалците и лицата без државјанство

Театарската претстава „Види, летам!“ во режија на Ивана Ангеловска кон крајот на ноември минатата година беше одиграна и пред штипската публика.

Основна цел на овој театарски проект на независниот „Вондерленд театар“ е да се поттикне емпатијата кон бегалците и лицата без државјанство.

Петмината млади актери на театарската сцена, прикажаа автентични искази и приказни на луѓе кои успеале да се спасат од војна, но и на граѓани кои се без државјанство.

Премиерно, претставата беше одиграна во МНТ во Скопје, а освен во Штип, беше изведена во Тетово, Куманово и Гевгелија. Проектот е поддржан од УНХЦР и Младински образовен форум (МОФ).

Авторка: Милена Тасева
I
година СОУ Гимназија „Славчо Стојменски Штип

*Оваа објава е дел од #МладинскиГлас – мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваат содржини од членовите на младинските новинарски клубови на Радио МОФ. Прилогот е изработен од клубот во Штип под менторство на новинарката Александра Ристевска.