Анкета: За што треба да се залага новиот ректор?

Во вчерашната емисија „На час“, студентските претставници рекоа дека ниту еден кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ не ги консултирал за нивните потреби. Радио МОФ ги праша студентите на Инстаграм – Каков ректор УКИМ заслужува, односно за што треба да се залага? Во продолжение, ги споделуваме најчестите одговори:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Дел од овие работи се споменуваат низ програмите на кандидатите што ги прочитавме. Радио МОФ ги прочита за да провери за какви вредности се залагаат и што е она што им го ветуваат на студентите и на своите колеги професори.

Бенефиции за студенти, повисоки плати, научноистражувачка дејност – што нудат кандидатите за нов ректор на УКИМ?

Гласањето е закажано за утре. Мандатот на новиот ректор ќе започне од 15 септември 2020, а ќе трае до 15 септември 2023 година. Во трка се седум кандидати, односно професорите Јане Ацевски и Коле Василевски од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, потоа Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна, Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, Вујица Живковиќ од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет и Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања.

Но, изборниот процес за ректор помина со неколку претставки од Независниот академски синдикат НАкС, жалби за нерегуларности од страна на кандидати, апели и оставки во Универзитетската изборна комисија.

Реакции имаше од Државниот просветен инспекторат, од каде велат дека на УКИМ забрзано се води постапка за избор на ректор спротивно на Уредбата на Владата за постапување во вонредни услови. По ова, се јави и Државната антикорупциска комисија, која реагираше дека согласно Изборниот законик, не смее да се води постапка за избор во време на парламентарни избори, се до конституирањето на Парламентот и Владата.