Активисти користат дигитални алатки за одбрана на човековите права

Активисти ја користат технологијата за да го направат светот побезбедно и правична место.

„Интернет без граници” е серија на четири видеа од Jigsaw, технолошкиот инкубатор на Алфавет, матичната компанија на Гуг, во која има интервјуа со активисти и технолози кои користат дигитални алатки за да ги бранат човековите права во нивните земји.

Првите две видеа од серијата се објавени на 19 јануари, во кои зборуваат Роја Махбуб, извршна директорка на авганистанска компанија за софтвер и египетскиот активист и актер Омар Шариф Џуниор.

„Јас имам визија да овозможам еднаков пристап до образование преку технологијата, за жени и девојки во Авганистан”, вели Махбуб.

„Јас долго работев со современа технологија и социјални медиуми, и јас навистина верувам дека технологијата може да донесе социјални промени”, додава таа.

Махбуб е дел од генерацијата која растеше за време на талибанскиот режим во Авганистан, кога само 3 отсто од девојките посетуваа училиште. Но, кога се отворило првото интернет кафе во нејзиниот роден град во 2003 година, нејзиниот живот се променил. Новиот пристап до информации и дал сила. Таа потоа ја основа фирмата за софтвер „Ситадел“ во 2010 година, со што стана една од првите жени-извршни директорки на технолошка компанија во Авганистан.

Иако правата на жените се подобриле во земјата, Махбуб смета дека има „социјална диктатура”, каде конзервативните лидери создаваат атмосфера која ги тера граѓаните да мислат дека интернетот „учи на лоши вредности”.

„Овие луѓе мораа да ги ограничат информациите и да контролираат се што се случува. Затоа што кога немаш образование, може да прават што сакаат”, вели таа.

Оттука започнува улогата на технологијата. Кога луѓето, особено жените и девојките, имаат пристап до информации, тоа може да донесе значајни и позитивни промени.

Сега, преку Фондот за дигитално општество, Махбуб им предава на девојки за да станат кодери, менаџери за социјални медиуми и претприемачи.

„Девојките во светот заслужуваат да ги имаат средствата за да замислат подобар живот”, вели таа. „Можеби проблемите се чинат голем, но решенијата започнуваат мали.”

Шариф,пак, се бори за правата на ЛГБТ заедницата во родниот Египет. Како добро познат актер, тој добил закани по колумна објавена на оваа тема во 2012 година. Иако технички не е нелегално, да се биде геј во оваа држава може да се казни како кривично дело. Тој беше принуден да ја напушти и оттогаш не се вратил.

Но, тој се уште останува посветен на подобрувањето на животот на ЛГБТ луѓето низ Блискиот Исток.

„Мислам дека со Арапската пролет, сите сме многу надежни и оптимисти”, вели тој во видеото. „Нам ни беше дадено бело платно и имавме можност да ја насликаме иднината што сакаме да ја видиме за себе.”

Тој признава дека за промена е потребно време, но верува дека технолошките алатки може да најдат решенија и да го забрзаат напредокот. Како прв кој јавно се прогласил за геј во регионот, вели тој, неговата улога е да ја одржи видливоста на телевизија и преку социјалните медиуми.

„Мислам дека тоа е важно за ЛГБТ младите, да видат одраз од себе на телевизија”, вели Шариф. Тој споменува неколку емисии со прогресивна ликови, кои му покажале дека тој не бил сам кога бил помлад.

Тој сака да им ја понуди истата работа на младите луѓе, и да помогне да има поширок пристап на интернет за Египќаните, па тие ќе имаат повеќе интеракции со ЛГБТ заедницата.

„Ја видовме Арапската пролет – ние ја нарекувавме „Твитер револуција“, бидејќи луѓето кои немаа право на глас, стекнаа “, вели тој. „Сега … луѓето имаат право на глас. Тие се способни да комуницираат, тие можат да најдат други истомисленици и да разговараат. И тоа е она што навистина ќе предизвика промени”.

Во другите две видеа се вклучени Мерон Естефанос, шведска новинарка, која исто така е директорка на Еритрејската иницијатива за правата на бегалците, и Јунг Кванг-Ил, дезертер од Северна Кореја, кој основал организација што шверцува информации во Северна Кореја .