Активисти делеа храна во Брисел што Украинците ја јаделе за време на Поморот од глад

Супа од шишарки, леб направен од трева и палачинки од кора на дрво. Ова е храната која украински студенти им ја понудиле на жителите на Брисел минатата недела, како дел од проект на подигнување на свеста во Европа за периодот на глад во времето на Сталин и Украина во 1923-1933, познат како Поморот од глад.

Тие делеа храна, направена според сеќавањата на луѓе кои го преживеале овој настан, во камион за прехранбени производи со знак „Неизбројани од 1932 година”.

„Неизбројани” се однесува на луѓето кои починале од гладот, без да бидат регистрирани, бидејќи советските власти го држеле во тајност вештачки создадениот глад, внатре, но и надвод од земјата.

„Сфативме дека има доволно изложби со слики на мртвите тела (на оние што загинаа за време на Поморот од глад) кои лежат на улиците, а никој не сака да ги погледне тие слики”, рече Јарослав Грес, еден од организаторите на настанот.

„Па, решивме да приготвиме храна.”

Украина, каде според разни проценки, меѓу три и седум милиони луѓе починале за време на Поморот од глад, се бори да ја подигне меѓународната свест за трагедијата и да се прогласи овој чин за геноцид против украинската нација. Историчарите велат дека доказите јасно покажуваат дека Јосиф Сталин ги изгладнувал Украинците за да ја скрши нивната волја и да ги натера да се откажат од своите приватни фарми и да се приклучат на државните колективни фарми.

Белгија не го признала гладот како чин на геноцид, и покрај фактот што неколку весници во Белгија пишувале за тоа во 1930-тите.

Организаторите на настанот откриле дека дури и Тинтин, популарниот белгиски стрип-лик, го спомнал екстремниот глад во Украина во стрип-книга наречена „Тинтин во земјата на Советите”.

Iskustvo užasa gladi

Cilj kampanje na ulicama Brisela je osvijestiti priču o izgladnjivanju iz Staljinovog doba u Ukrajini.

Posted by Radio Slobodna Evropa – Balkanski Servis on Sunday, 27 May 2018

„Кога држев леб од трева, почувствував низ што поминале Украинците кога советската влада насилно им ја одзела целата храна”, рече Артур, 32-годишен жител на Брисел.

„Дефинитивно ќе им кажам на моите деца за оваа катастрофална трагедија”.

Првиот настан од ваков вид се одржа во Тел Авив, Израел, во 2017 година, кога украинските студенти им нудеа на минувачи супа направена од кора од дрво, лисја и корени.

Кампњата ќе продолжи во уште 10 земји.