Акција за чистење на Жена парк

Активисти и волонтери од движењето „ЛЕАД“ денеска ќе го чистат од отпадоци Жена парк во Скопје, во рамки на проектот „В џеб, ако нема каде друго“.

Целта на проектот, како што информираат организаторите е да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина и младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУС.