• Youtube
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
Радио МОФ
Мени
  • Вести
    • Вести
    • Граѓани
    • Образование
    • Култура
    • Музика
    • Кампањи
    • Наука
    • Shqip
    • Лабаво
    • Став
    • За Вас
  • Видео
  • Подкасти
  • #МЛАДИ
  • Образование
  • Култура
  • Анализи
  • Истражувања
  • Shqip
  • #МладинскиГлас
Се наоѓате на:Дома»Вести»Тоблероне ќе мора да го менува логото бидејќи не е повеќе целосно швајцарски продукт

Тоблероне ќе мора да го менува логото бидејќи не е повеќе целосно швајцарски продукт

Фото: Ashley Pomeroy / Википедија

06/03/2023 - 12:20 Вести, Лабаво

Компанијата Тоблероне ќе мора да го отстрани врвот Матерхорн од нивните амбалажи откако дел од производството на нивните чоколади ќе се префрли од Швајцарија во Словачка.

Чоколадите во облик на пирамиди, кои се инспирирани од овој врв на Алпите, ќе го ребрендираат логото соопштија од американската компанија Монделез, во чија сопственост се наоѓа брендот Тоблероне. Оттаму велат дека сликата на врвот висок 4.478 метри ќе биде заменета со генерички планински врв.

Компанијата е приморана на овој чекор поради строгите правила за швајцарски домашни производи кои се на сила од 2017 година. Според нив, националните симболи не смеат да бидат прикажани на млечни производи кои не се изработуваат ексклузивно во Швајцарија. За другите видови на сирова храна, оваа граница е најмалку 80%.

Во одговор испратен до Би-Би-Си од Монделез велат дека го префрлаат дел од нивното производство надвор од земјата за да „одговорат на зголемената светска побарувачка и да го развијат брендот на Тоблероне за иднината“.

Тие велат дека новата амбалажа ќе има различно лого и дизајн кој ќе го вклучува потписот на сопственикот на чоколадната компанија, Теодор Тоблер.

Чоколадото во форма на планини, кое традиционално се изработува од швајцарско млеко со мед и мешавина од лешници и бадеми, за првпат беше пуштено во продажба во 1908 година во Берн, главниот град на Швајцарија. Сепак, дури во 1970 година на амбалажата на овој производ се појави врвот Матерхорн.

Во 2016 година Тоблероне предизвика контроверзии откако реши да го промени дизајнот на чоколадото оставајќи поголемо растојание помеѓу карактеристичните триаголници во обид да ги намали трошоците. По јавните критики, две години подоцна компанијата го врати стариот изглед на чоколадото.

  • Tweet
  • Share 0
  • Reddit
  • LinkedIn 0

МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Швајцарците излегуваат на референдум за ковид сертификатите Татко од Швајцарија штрајкуваше со глад 39 дена поради климатските промени Швајцарците на референдум одлучуваат дали ќе забранат тестирање врз животни 4.550 седишта и седум возачи: Швајцарски воз го урна рекордот за најдолг патен воз на светот
  • Популарно

    • Most Viewed
    • „Наративот дека Скопје е град само за пензионери мора да се промени“: Разговор со Орце Ѓорѓиевски
    • Стоп за Усје преку протест побара нивните барања да се вметнат во новата А-интегрирана дозвола на Цементарата
    • Музичките алхемичари „Алембик“ го објавија својот втор албум „Без никого да удриш“
    • Каде исчезнуваат паркинг местата за лица со инвалидитет и родители со мали деца во Скопје?!
    • Снимај подкаст во Радио МОФ!  |  Regjistro podcast në Radio MOF!
    • НОВО
    • За Вас
    • Lajme në gjuhën shqipe
    • 03/02/2026 0 Снимај подкаст во Радио МОФ!  |  Regjistro podcast në Radio MOF!
    • 03/02/2026 0 Каде исчезнуваат паркинг местата за лица со инвалидитет и родители со мали деца во Скопје?!
    • 02/02/2026 0 „Наративот дека Скопје е град само за пензионери мора да се промени“: Разговор со Орце Ѓорѓиевски
    • 01/02/2026 0 Музичките алхемичари „Алембик“ го објавија својот втор албум „Без никого да удриш“
    • 31/01/2026 0 Стоп за Усје преку протест побара нивните барања да се вметнат во новата А-интегрирана дозвола на Цементарата
    • 25/01/2026 0 Повик за учество на инклузивен курс за фотографија со Драги Неделчевски
    • 28/12/2025 0 Повик за млади уметници и креативци: Осмели се, инспирирај, промени – Политичкиoт интегритет низ очите на младите
    • 04/11/2025 0 Отворен повик за Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност 2025/2026
    • 21/10/2025 0 Отвораме конкурс за избор на Најдобра фотографија со отпад од метрополата
    • 11/09/2025 0 СМР го распиша повикот за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за постдипломски студии по младинска работа
    • 19/12/2025 0 Евгенија Донева: Младите имаат идеи, енергија и став – само  треба да им се даде простор да ги изразат
    • 19/06/2025 0 Млади правници започнуваат иницијатива за унапредување на правдата за децата во Македонија
    • 17/06/2025 0 Наградата за младинско учество се враќа, пријавувањето трае до 30 јуни
    • 14/06/2025 0 ЗНМ: Новинарството не е злосторство – Стоп за SLAPP тужбите
    • 13/06/2025 0 Граѓански иницијативи: Изборниот законик стана оружје против независните
  • Радио моф на FACEBOOK

    Радио МОФ
  • Радио МОФ на TWITTER

    X
    @RadioMOF
    Official updates on X
    Our live timeline is temporarily unavailable due to X limitations. You can still follow all updates directly on our profile.
    View @RadioMOF on X
  • Радио МОФ на Instagram

  • За нас
  • Програма
  • Импресум
  • Контакт
Радио МОФ е непрофитен медиум. За да ви обезбедиме објективно и професионално информирање добиваме поддршка од повеќе организации. Содржините објавени на медиумот не ги изразуваат нивните ставови или ставовите на Младински образовен форум и се професионални медиумски содржини креирани од редакцијата на Радио МОФ.