„Метаморфози“ – ликовна изложба на Митева и Ќамил во Кочани

Изложбата насловена „Метаморфози“ на ликовните уметници Викторија Митева и Орхан Ќамил ќе биде отворена денес, на 7 декември, во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

На изложбата што ќе започне во 19 часот, преку ликовни дела ќе се обработува метаморфозата, односно „визулената метаморфоза“ – термин користен за да се укаже на промена на обликот во уметноста.

„Тоа му овозможува на уметникот да трансформира форма што претставува едeн предмет- во слична форма, која преставува нешто друго. Ова, пак, овозможува едно значење да се сокрие зад друго значење. Уметникот, преку природен процес, можеби несакано, препуштен е на себеослободување – се ослободува од сопствената корупка, од сопствената имитација, сопствената мимикрија“, се вели во описот на изложбата.

Повеќе детали за изложбата се достапни тука.