Групна ликовна изложба на која ќе бидат поставени дела од областа на графичкиот дизајн, сликарството и фотографијата, ќе биде поставена во барот „Џези“ во скопски Капиштец.
Изложбата ќе биде отворена во петок, 6 мај, а ќе бидат претставени седум автори.
Со почеток во 20 часот, публиката ќе може да види делата на Гоце Илиевски, Кристијан Новковски, Владимир Илиевски, Виктор Јаневски, Оливер Настески, Симеон Ацевски и С. Менче Трповска.
На отворањето на изложбата, свој диџеј сет ќе има Кристијан Новковски.