Емисиите на јаглерод од богатите земји годинава нагло порасна

По намалувањето на глобалните емисии на јаглерод диоксид минатата година како резултат на согорувањето на јаглен, нафта и гас, оваа година пораснаа во 20-те најбогати земји во светот, според нова студија, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Извештајот за климатска транспарентност покажа дека емисиите на јаглерод оваа година ќе се зголеми за 4% во групата Г20, откако минатата година падна за 6% поради пандемијата на коронавирусот.

Кина, Индија и Аргентина дури и ќе ги надминат своите емисии од 2019 година. Авторите на тој извештај велат дека континуираната употреба на фосилни горива ги поткопува напорите за контролирање на температурите.

Остануваат уште две недели до отворањето на климатската конференција КОП26 во Глазгов, а задачата пред преговарачите е многу тешка.

Една од клучните цели на оваа конференција е преземање чекори за да се задржи важниот температурен праг од 1.5 целзиусови степени. Со оглед на тоа дека светот во моментов е потопол за 1.1 целзиусов степен од прединдустриското време, ограничувањето на идните зголемувања е многу важно.

Доколку конференцијата во Глазгов успее во тоа, земјите што произведуваат најмногу јаглерод ќе треба да воспостават амбициозни политики. Доказите од новиот извештај покажуваат дека тоа не се случува доволно брзо.