999 новозаразени и 24 починати од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 24 лица на возраст од 46 до 80 години, односно, пет пациенти од Прилеп, четири пациенти од Скопје, три од Кавадарци, по два од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар и по еден пациент од Куманово, Битола, Штип и Неготино.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 999 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 539 случаи во Скопје, по 44 во Прилеп и Битола, 41 во Куманово, 38 во Охрид, 34 во Кавадарци, 25 во Велес, 23 во Гевгелија, 22 во Тетово, 21 во Неготино, 20 во Кочани, 19 во Крива Паланка, 16 во Гостивар и 15 во Штип.

Потоа, десет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струга, по осум во Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево, по седум во Ресен и Делчево, шест во Берово, пет во Демир Капија, по четири во Свети Николе, Радовиш и Пехчево, по три во Демир Хисар и Виница, два во Кратово и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Дебар, Богданци и Македонски Брод.

Регистрирани се 543 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 240, Охрид – 52, Прилеп – 38, Тетово – 27, Велес, Гевгелија и Струга – по 24, Куманово – 17, Струмица и Битола – по 14, Гостивар – 12, Кочани – 8, Крива Паланка, Пробиштип и Дебар – по 5, Кичево, Крушево и Делчево – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, од Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци – по 2 и по 1 лице  од Неготино, Валандово и Радовиш.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 571.068 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.627 тестови.