МЗ: 1.293 новозаразени и 24 починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 24 пациенти на возраст од 49 до 90 години, односно, 14 пациенти од Скопје, двајца од Прилеп и по едно лице од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Од починатите, 23 пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 1.293 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 626 случаи во Скопје, 88 во Прилеп, 60 во Велес, по 48 во Гостивар, Кавадарци и Битола, 46 во тетово, 41 во Штип, 36 во Неготино, 34 во Охрид, 33 во Струмица и 28 случаи се регистрирани во Куманово.

Потоа, 23 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Кочани, 18 во Радовиш, 17 во Гевгелија, 12 во Пробиштип, по 11 во Валандово и Демир Капија, десет во Кичево, девет во Делчево, по осум во Струга, Крива Паланка и Берово, шест во Крушево, пет во Ресен, четири во Богданци, три во Свети Николе и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Дебар, Виница, Пехчево и Дојран.

Регистрирани се 339 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Штип и Битола – по 4, Кичево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница – по 2 и по 1 од Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 575.162 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.094 тестови.