83 новозаразени и 11 починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 85 и 75 години, еден од Велес на 62 години, двајца од Битола на 64 и 74 години, еден од Кавадарци на 71 година, еден од Гостивар на 85 години, еден од Богданци на 64 години, еден од Струмица на 58 години, еден од Крива Паланка на 61 година и еден од Радовиш на 70 години. Пациентите се починати во болнички услови.

Од МЗ соопштија дека во последните 24 часа се потврдени 83 нови случаи на Ковид-19, односно, 44 случаи се регистрирани во Скопје, шест во Прилеп, по пет во Штип и Битола, четири во Велес, по три во Куманово, Тетово и Неготино, по два во Дебар и Струмица и по еден случај е регистриран во Кавадарци, Гостивар, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Ресен.

Институтот за јавно здравје регистрирал 419 оздравени пациенти, односно, од Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и од Неготино-10.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81804, бројката на оздравени пациенти е 59650, на починати е 2456, а бројот на активни случаи изнесува 19698“, стои во соопштението на МЗ.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов, од МЗ посочуваат дека дистрибуцијата по градови на случаи од Ковид-19 е следна:

• Скопје 35281, активни 11265
• Куманово 4667, активни 549
• Дебар 616, активни 129
• Штип 3267, активни 288
• Прилеп 4143, активни 609
• Тетово 4709, активни 878
• Струга 1996, активни 350
• Велес 2712, активни 497
• Битола 2986, активни 595
• Охрид 2363, активни 594
• Кавадарци 2052, активни 563
• Гостивар 3341, активни 579
• Гевгелија 1128, активни 293 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2274, активни 631
• Крива Паланка 602, активни 112
• Радовиш 603, активни 117
• Крушево 161, активни 71
• Кочани 1577, активни 236
• Пробиштип 441, активни 45
• Демир Хисар 234, активни 40
• Македонски Брод 210, активни 25
• Пехчево 145, активни 23
• Берово 488, активни 45
• Валандово 302, активни 59
• Виница 442, активни 63
• Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 22
• Свети Николе 1033, активни 108
• Кичево 1551, активни 245
• Ресен 635, активни 141
• Неготино 988, активни 326 (154 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјава се направени вкупно 394.329 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 700 тестови.