47 нови случаи на Ковид-19 во последното деноноќие

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се регистрирани 47 нови случаи на Ковид-19 и тоа 19 во Скопје, 11 во Тетово, шест во Куманово, три во Битола, по два во Прилеп, Струмица и Валандово, а по едно новозаразено лице е пријавено во Велес и Гостивар.

Оттаму дополнуваат дека не се пријавени починати пациенти, додека регистрирани се 14 оздравени лица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359“, велат од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања.