МЗ: 21 починат и 465 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 20 лица. Починале 6 лица од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две лица од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и88г), Прилеп (72г и 77г) и по едно лица од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Од вкупниот број починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Во последните 24 часа потврдени се 465 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 341 случај во Скопје, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, Струга и Гевгелија по – 4, Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3 и по 1 случај во Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија.

Од вкупниот број позитивни – 920, регистрирани се 92 реинфекции.

Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти, односно од Скопје – 1.181, Кавадарци – 81, Куманово – 68, Битола – 63, Струмица – 56, Велес – 55, Гевгелија – 39, Прилеп и Охрид по – 30, Гостивар и Валандово по – 29, Кичево – 20, Тетово, Неготино и Радовиш по – 19, Штип и Струга по -18, Крива Паланка – 16, Кочани и Свети Николе по – 12, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Ресен – 8, Делчево и Кратово по – 7, Берово – 5, Пехчево – 4, Виница, Пробиштип, Демир Капија и Дојран по – 3 и 2 од Демир Хисар.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.847.971 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.707 тестови.