33 нови случаи на коронавирусот и 11 починати лица изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека последните 24 часа регистрирани се 33 нови случаи на Ковид-19 од 3.777 тестирања.

Според градови новозаразените се регистрирани во: Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1.

Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64г, 77г, 77г, 77г и 92г) и по едно лице од Виница (79г), Куманово (80г), Неготино (74г), Струмица (69г) и Тетово (76г). Од пријавените, 2 лица  се починати  во домашни, а останатите 9 во болнички услови.

Изминатото деноноќие регистрирани се и 92 оздравени пациенти

Направенте 3.777 тестови се преку: ИЈЗ-432, ЦЈЗ Скопје-67, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–68, МАНУ-47, Жан Митрев (Филип Втори)-224, Авицена-303, Биотек-469, Систина-184, лабораторија Лаор-557, Синлаб-96, Ремедика-92, Плодност–46, Генеа–56, Никоб лаб-48, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 916.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.

Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на Ковид-19.