29 нови случаи со коронавирус и 6 оздравени лица последниве 24 часа

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека последниве 24 часа се потврдени нови 29 случаи на заболени од Ковид-19. Најголем број од нив во Скопје (9 лица), по што следуваат Прилеп (6), Тетово (5), Струга, Велес, Битола и Охрид (2) и еден новозаболен пациент од Куманово.

Претходново деноноќие биле извршени 349 тестирања, а биле регистрирани и 6 оздравени пациенти – 3 во Велес и по еден од Штип, Гостивар и Кочани.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.723 лица, бројката на оздравени пациенти е 1.235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.