2.000 животински видови ставени на листата на опасност од истребување

Жабите, јастозите и желките се дел од 44.000 животински видови на кои им се заканува истребување. Оваа година, на Црвената листа на животни под ризик се додадени уште 2.000 животински видови.

Информацијата за додавањето на нови животни под ризик беше споделена на #КОП28 во Дубаи од страна на Интернационалната Унија за конзервација на природата (IUCN).

Листата покажува како климатските промени ги влошуваат биодиверзитетските кризи на планетата, правејќи ја животната средина неадаптибилна за илјадници видови и забрзувајќи го истребувањето на бројни растенија и животни.

„Животинските видови ширум светот се под голем притисок. Без разлика каде ќе погледнете, бројката на видови под ризик се зголемуваат“, изјави Крег Хилтон-Тејлор, извршен директор на IUCN.

Климатските промени ги влошуваат состојбите на околу 6.700 видови. Јастозите и желките се дел од оние кои се соочуваат со истребување поради затоплувањето на планетата.

Најмногу страдаат саламандерите и другите водоземци. Околу 41 отсто од овие видови се под закана.

„Тие се жртви на климата поради повисоките температури, сушата – што и да се случи, водоземците не можат да се оддалечат од опасноста и се под директно влијание на климатските промени“, посочува Вивек Менон, заменик-претседател на IUCN.