19 нови случаи и шест починати лица од Ковид-19 изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека последниве 24 часа регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 2.456 направени тестирања.

Според градови новите случаи се забележани во: Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Изминатово деноноќие регистрирани се и 26 оздравени пациенти од вирусот.

Направените 2.456 тестови се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 2, ГОБ 8-ми Септември-16, Институт за микробиологија–4, МАНУ-53, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Авицена-194, Биотек-384, Систина-97, лабораторија Лаор-204, Синлаб-85, Ремедика-53, Плодност–46, Генеа–26, Никоб лаб-71, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 528.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057. Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19.