Во Саудиска Арабија прогласена е фатва против покемоните

Највисокото верско тело во Саудиска Арабија соопшти дека го обнови декретот од 2001 година, против играта Pokѐmon Go.

Новата игра за мобилни телефони на „Нинтендо“ преку ноќ прерасна во светски хит. Учесниците во оваа игра бркаат и собираат мали чудовишта, односно покемони, во реалниот свет, со помош на нивните паметни телефони.

Саудискиот верски Совет соопшти дека „мутираните чудовишта, кои имаат специфични моќи, претставуваат ерес, бидејќи ја промовираат теоријата за природна еволуција“.

„Шокантно е колку децата го користат зборот еволуција“, се вели во фатвата, но и тоа дека играта содржи уште неколку елементи забранети со исламскиот закон, како на пример „политеизмот против Бог низ размножување на божества и коцкање, што Бог ги забранува во Куранот и што потсетува на вино и идоли“.

Во фатвата, исто така, се вели дека симболите во играта ги промовираат јапонските религии шинто, христијанство, масонство и „глобален ционизам“.

Во меѓувреме, во околината на претседателскиот комплек во престолнината на Индонезија, Џакарта, е поставено предупредување на кое пишува „Играњето на игри и ловот на покемони се забранети во близина на палатата“.

„Тоа е кабинетот на претседателот, а не игралиште“, нагласи Беј Махмудин, шеф на прес-службата на претседателот Џокоа Видодоа.

Играта користи „Гугл“ мапи и паметни телефони за лов на виртуелните суштества. Во Индонезија е доста популарна, иако таму се уште официјално не е достапна за корисниците. Полицијата во понеделникот приведе Французин, кој во потрага по покемони влезе во воената база на островот Јава.