Pokѐmon Go профили се продаваат на еВay за илјадници фунти

Играчите кои сакаат да го прескокнат напорот за да соберат ретки и напредни Покемони и да стекнат искуство, сега можат да платат некој друг да го направи тоа за нив.

Профилите за играње на моментално најпопуларната игра се продаваат на веб страници за аукции како eBay, за илјадници фунти, и покрај правилата на Ниантик кои забрануваат тргување со корисничките сметки.

Профилите, на кои има напредни тренери и ретки или моќни Покемони со повеќе од 1000 поени, можат да им помогнат на корисниците да победат други во битка и да преземат сали, без да шетаат по улиците барајќи Покемони со недели.

Сепак, и купувачите и продавачите се изложени на ризик нивните профили да бидат блокирани, според условите за користење на Pokѐmon Go на Ниантик.

Цените за профилите кои се продаваат на eBay се движат од пет, до повеќе од илјада фунти.

Еден корисник на eBay, кој го ставил својот профил на продажба и го продава за 1500 фунти, напишал: „Она што ќе го добиете е мојот профил, во кој вложил труд и време. Затоа, за вас ова ќе биде многу полесно! Јас сум само банкротиран студент со долг, и секое пени помага“.

Ова не е прв пат претприемнички настроени играчи да се обидат да профитираат од Pokѐmon Go лудилото. Во Њујорк се појавија реклами за професионални Покемон тренери, со цена од 20-30 долари за еден час лекција. Некои играчи пак, се откажаа од своето работно место за да играат целовремено.