Намален за 6.5 отсто бројот на ученици и студенти сместени во домовите минатата година

Во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови во учебната 2016/2017 година биле сместени вкупно 6.755 ученици и студенти, што е намалување за 6,5 проценти во однос на минатата академска година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта во 2016/2017 биле  сместени 256 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитување на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење на родителите – издржувателите.