Хакирана и претседателската кампања на Хилари Клинтон

Демократската партија е нападната од хакери по трет пат, јавија од партијата во петокот навечер. Овој пат, жртва на сајбер напад беше кампањата на претседателската кандидатка Хилари Клинтон.

Русија е водечкиот осомничен во хакирањата, а многумина се сомневаат дека земјата се труди да влијае на исходот на изборите. Руската влада ги негираше обвинувањата.

Доналд Трамп ја повика Русија да ја хакира кампањата на Клинтон на почетокот на оваа недела, откако беше откриен првиот напад на системите на партијата. Подоцна тврдеше дека само бил саркастичен.

Ник Мерил, прес секретарот на Клинтон, изјави дека програма за податоци која се користи за кампањата била пробиена, но „нема докази дека нивните интерни системи се загрозени“.

Хакирањето на веб страниците и датабазата на Демократската партија доведе до објавување на 19000 мејлови на партијата, неколку дена пред Демократската конвенција, на 22 јули. Во мејловите може да се види дека наводно неутралните електори на партијата всушност сакале Берни Сандерс да биде претседателски кандидат.

Хакерските групи се идентификувани од американските служби како Cozy Bear и Fancy Bear, кои користеле различни, но софистицирани технолошки средства за да пробијат до податоците и да одбегнат да бидат детектирани.