Годинава во земјава влегле речиси 73 000 бегалци, повеќе од третина се деца

Од почетокот на годината во Македонија се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил на вкупно 72.873 странски државјани. Од нив, според статистиката на МВР 29.478 се од машки пол, 15.787 се од женски, а 27.464 се деца кои го придружувале носителот на потврдата. Македонските власти евидентирале и 144 деца кои патувале без родител, а на кои им е издадена потврда за искажана намера за азил.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.455 странски државјани, од кои 918 од машки и 554 од женски пол, како и на 981 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 35 177 лица,потоа од Авганистан 22 924 , како и од Ирак 14 769 лица.

Само во текот на вчерашниот во земјава влегле 2.455 странски државјани, од кои 981 биле деца кои го придружувале носителот на потврдата, како и две деца кои патувале без родител, се наведува во соопштението на МВР.Сите се државјани на Сирија, Авганистан или Ирак.

Од полетокот на 2016 година до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар за 9 февруари се евидентирани се вкупно 21 барател на азил од кои 17 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.