Британскиот премиер сака да ги забрани апликациите како Snapchat и WhatsApp

Во случај да добие уште еден мандат, премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, ќе ги забрани апликациите кои се користат за испраќање пораки како што се Snapchat и WhatsApp, ако не ги направат нивните податоци достапни за разузнавачките агенции.

Непосредно пред изборите, Камерон потсети на неодамнешниот терористички напад во Париз и упати забелешки за апликациите кои ги шифрираат пораките со цел да биде посигурна комуникацијата меѓу корисниците.

Во своето излагање тој рече дека овие апликации нудат „безбедни простори“ за терористите да комуницираат и ги прават податоците на нивните корисници недостапни за разузнавачките служби и државните власти.

Камерон не посочи конкретна апликација која би била забранета, но во апликациите за испраќање пораки кои користат шифрирање спаѓаат и WhatsApp, Snapchat, iMessage, FaceTime и Wickr.

Извор: Mashable