Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Образованието, имотот, невработеноста, здравствените и социјалните услуги се само некои од предизвиците со кои се соочуваат жените од албанскaта заедница во руралните области на Македонија. И покрај тоа што родовата еднаквост денес е една од најдискутираните теми на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика и институциите кои одлучуваат, кои тврдат дека работат на подобрување на оваа состојба, мерките за родова еднаквост сè уште не допреле до сите жени. Ова, меѓудругото, беше кажано на панел дискусијата „Позицијата и улогата на жената Албанка во руралните средини: можности и предизвици“ што денеска ја организираше Здружението за унапредување на новинарските практики „Иновативни медиуми – Скопје“.
Професорката Ѓилимсере Касапи, зборувајќи за жените од албанската заедница во општеството и нејзините лични предизвици како самохрана мајка, рече дека, иако поминало многу време од кога таа била студентка и образованието на жените од албанската заедница било на многу низок ниво, според неа образованието на албанската жена сè уште не е на потребното ниво.
„Жената се усовршува само преку образованието и воспитувањето. Замислете, во мојата генерација само 3% бевме девојки од седум паралелки, тоа ме мотивираше да се бориме и да докторирам на темата образованието на албанската жена. Сметам дека сè уште имаме потреба од образование, сè уште имаме потреба од квалитет во образованието“, рече Касапи.
Таа зборуваше и за прашањето на имотот, каде рече дека наследството на имотот од страна на девојките и жените од албанската заедница сè уште е табу тема и неостварливо право за нив.
„Нашето општество сè уште не го смета девојчето како сопственик или наследник на имот од страна на семејството, туку само синовите. Овој концепт продолжува и во новите генерации и сè уште така се толкува од новите генерации. Жената од рурална средина не може да аплицира за некој проект и да создаде свој производ ако не го има имотот на свое име. Покрај имотот, таа треба да биде оспособена и обучена за управување и производство на земјоделски, сточарски и други производи, како што е одгледувањето на цвеќиња во оранжериите и многу други работи што жената ги прави со многу внимание и страст. Треба да има поддршка од машкиот род и од семејството. Апсолутно треба да биде вклучена во проектите финансирани од државните и странски институции “, рече Касапи.
Претседателката на Мрежата на жени во науката, Елизабета Бајрами Ологу, зборуваше за користењето на социјалните услуги од страна на жените од руралните средини, за што нагласи дека во земјата недостасуваат политики кои ги зголемуваат производствените капацитети на жените од руралните области на ист начин и подеднакво со мажите. Исто така, рече дека нивото на информираност е многу ниско.
„Жените во руралните области, барем според генералните статистики, сочинуваат 3/4 од светската популација. 87% од површината на Македонија е рурална. 47% од населението на оваа земја живее во села и автоматски половина од населението кое живее во руралните области се жени. Меѓутоа, жените во руралните области имаат понизок ниво на образование. Жените од руралните области се половина од работната сила, работат на село можеби колку и мажите, можеби дури и повеќе од мажите, но нивната работа е неисплатена. Како резултат на неисплатената работа, жена во руралните области не може да добие дозвола која ѝ следува, а тоа е породилно отсуство. Друг проблем со социјалните услуги е далечнината која жените од руралните области ја имаат со центрите за социјални работи. Тие имаат ограничен пристап до здравствените услуги за жените“, рече Ологу.
Според претседателката на извршниот совет на организацијата „Антико“, Ѓинере Небиу, земјата сè уште не работи доволно во активирањето на жените од руралните области, иако според неа, невладините организации имаат моќ и можност да работат за зајакнување на улогата на жените.
„Во политиката се третираат големи теми, но жените од руралните области често се оставени настрана. Недостасуваат активни организации на терен во руралните области. Има недостаток на организации и во урбаните области“, рече Небиу.
Психологот Едлира Дестани зборуваше за родителската улога на жената во семејствата од руралните области, каде што рече дека тоа не е воопшто лесно.
„Ние лесно во урбаните области можеме да кажеме да направат тоа и тоа, но тоа е многу посложен синџир. Треба да ги разбудиме жените од руралните области да ги искористат своите капацитети давајќи позитивни примери“, рече Дестани.
Експертот за проектен менаџмент Мјелма Мехмети ги спомена можностите за зајакнување и стратегиите за подобрување на положбата на жената, рече дека жените во Европската Унија и во Македонија се третираат исто и се дискриминирани на ист начин, особено кога зборуваме за жените во руралните средини. Според неа, можностите се различни, но предизвиците остануваат исти.
„Во еден документ за развој на земјоделскиот систем во државата, зборот жена се спомнува само два пати… Руралниот живот ако се диверзифицира и работата на жените ќе биде повеќе видлива, повеќе вреднувана и регистрирана. Ако се диверзифицира пазарот на трудот во руралните области каде жените ќе се само-свестат, ќе можеме да постигнеме подобрување на нејзината позиција во општеството каде што живее“, рече Мехмети.
Во меѓувреме, Венера Гудачи, експерт за управување со ИТ системи, ги повика жените во руралните области да ги искористат повеќе можностите што ги нуди дигиталниот развој.
„Разликата во пристапот до интернет на руралните жени во ЕУ и во Македонија е многу голема. Потребни се стратегии во оваа насока. Друг предизвик е недостатокот на инфраструктура, сите зборуваме за интернет, но колку рурални жени поседуваат лаптоп за да го користат за нивниот бизнис. Дигиталниот бизнис е многу добра можност. Потребна е соодветна обука на руралните жени во оваа насока“, рече Гудачи.
Активноста беше организирана во рамките на проектот „Кредибилно и разновидно информирање на албански јазик“. Елида Зилбеари, главен и одговорен уредник на Порталб.мк (водена во рамките на организацијата „Иновативни медиуми – Скопје“) истакна дека идејата и целта на овој панел е да се соберат конкретни идеи и предлози за тоа како експертите со своите идеи можат да придонесат за подобра средина за жените и истото да се имплементира во пракса.
Теута Бучи
-
Gratë e zonave rurale në RMV vazhdojnë të jenë të diskriminuara
Arsimimi, prona, papunësia, shërbimet shëndetësore dhe shërbimet sociale janë vetëm disa nga sifdat me të cilat ende përballen gratë shqiptare në zonat rurale të Maqedonisë së Veriut. Pavarësisht faktit se barazia gjinore sot është një ndër temat më të përfolura nga ojq-të që merren me këtë problematikë dhe institucionet vendim-marrësë, të cilat pretendojnë se po punojnë në përmirësimin e kësaj gjendje, masat për barazi gjinore ende nuk kanë arritur te të gjitha gratë. Kjo u tha mes tjerash në panelin e diskutimit “Pozita dhe roli i gruas shqiptare në zonat rurale: mundësitë dhe sfidat” që u mbajt sot nga Shoqata për Avancimin e Praktikave Gazetareske “Mediat Inovative – Shkup”.
Profesoresha universitare Gjylimsere Kasapi duke folur për gratë shqiptare në jetën shoqërore dhe sfidat e saja personale si nënë vetë – ushqyese, tha se pavarësisht se kanë kaluar shumë kohë prej kohës kur ajo ka qenë studente dhe kur arsimi I grave shqiptare ka qenë ende në një nivel shumë të ulët, sipas saj arsimi i gruas shqiptare ende nuk është në nivelin e duhur.
“Gruaja përsoset vetëm përmes arsimimit dhe edukimit. Imagjinoni që në gjeneratën time vetëm 3% kemi qenë vajza nga shtatë paralele, kjo më ka nxitur që të luftoj dhe të doktoroj në temën arsimimi i vajzës shqiptare. Mendoj se ende kemi nevojë të arsimohemi, ende kemi nevojë për cilësi në arsim, për animimin e vajzave nga vendet rurale”, tha Kasapi.
Ajo foli edhe për çështjen e pronës, ku tha se trashëgimia e pronës nga ana e vajzave dhe grave shqiptare mbetet një tabu temë dhe një e drejtë e parealizuar e tyre.
“Shoqëria jonë ende nuk e konsideron vajzën si pronare apo trashëgimtare e një prone nga ana e familjes, por vetëm djemtë. Ky kuptim vazhdon edhe në gjeneratat e reja edhe sot interpretohet nga gjeneratat e reja. Nuk mundet gruaja rurale pa e pasur tokën në emër të vet të aplikojë për ndonjë project dhe të bëjë prodhimin e saj të cilin do ta ideojë. Përveç pronës duhet të jetë e aftësuar dhe e trajnuar për menaxhim dhe prodhim të produkteve bujqësore, blegtorale dhe prodhime të tjera, siç janë kultivimi i luleve nëpër oranzheritë dhe ka shumë gjëra që gruaja i bën me shumë kujdes dhe me shumë pasion. Të ketë mbështetje nga gjinia mashkullore dhe nga familja. Patjetër të jetë e kyçur nëpër projektet e financuara nga institucionet e vendit dhe nga ato të jashtme”, tha Gjylimsere Kasapi.
Kryetarja e Rrjetit të Grave në Shkencë Elisabeta Bajrami Ollоgu foli për shfrytëzimin e shërbimeve sociale të grave nga zonat rurale, ku ajo theksoi se vendit i mungojnë politikat që rrisin kapacitetet prodhuese të grave rurale në mënyrë të njëjtë dhe të barabartë me burrat. Gjithashtu, ajo tha se niveli i informimit është shumë i ulët.
“Gratë në zonat rurale, të paktën me statistika të përgjithshme, përbëjnë ¾ e popullsisë botërore. Maqedonia 87% të sipërfaqes të vet e ka sipërfaqe rurale. 47% e popullsisë së këtij vendi jetojnë në fshatra dhe automatikisht gjysma e popullsisë që jeton në zonat rurale janë gra. Mirëpo, gratë në zonat rurale kanë nivel më të ulët të edukimit. Gratë rurale janë gjysma e fuqisë punëtore, punojnë në fshat ndoshta sa burrat ndoshta edhe më shumë se burrat, mirëpo puna e tyre është punë e papaguar. Si rezultat i punës së papaguar një grua në zonat rurale nuk mund të marrë një leje që i takon që është leja e lehonisë. Problem tjetër i shërbimeve sociale është largësia që gratë në zonat rurale kanë nga qendrat për punë sociale. Ata kanë qasje të kufizuar në shërbimet shëndetësore të grave”, tha mes tjerash Elisabeta Bajrami Ollоgu.
Sipas kryetares së këshillit ekzekutiv të organizatës “Antiko”, Gjynere Nebiu, vendi ende çalon dhe nuk punon mjaftueshëm në aktivizimin e grave në zonat rurale, edhe pse sipas saj, organizatat joqeveritare kanë fuqinë dhe mund të punojnë në këtë drejtim për fuqizimin më të madh të tyre.
“Në politikë trajtohen tema të mëdha, por gratë rurale shpesh lihen anash. Mungojnë organizatat aktive në terren në zonat rurale. Ka mungesë të organizatave edhe në zonat urbane”, tha mes tjerash Gjynere Nebiu.
Psikologja Edlira Destani foli për rolin prindëror të gruas në familjet e zonave rurale, ku tha se kjo nuk është aspak e lehtë.
“Ne e kemi shumë të lehtë në zonat urbane të themi ta bëjnë këtë dhe atë, por është një zinxhir më i komplikuar. Duhet t’i zgjojmë gratë rurale që të shfrytëzojnë kapacitetet e tyre duke dhënë shembuj pozitiv”, tha Destani.
Ekspertja e menaxhimit të projekteve Mjellma Mehmeti përmendi mundësitë për fuqizim dhe strategjitë për përmirësimin e pozitës së gruas tha se gratë në BE dhe në RMV trajtohen njëlloj dhe diskriminohen në të njëjtën mënyrë, posaçërisht kur flasim për gratë në zonat rurale, sipas saj mundësitë dallojnë, por se sfidat mbeten të njëjta.
“Në një dokument për zhvillimin e sistemit bujqësor në RMV fjala grua përmendet vetëm dy herë…Jeta rurale nëse diversifikohet edhe puna e grave do të jetë më e dukshme, më e vlerësuar dhe e regjistruar. Nëse diversifikohet tregu i punës në zonat rurale ku gratë do vetëdijesohen do të mundet të arrihet të përmirësohet pozita e saj në shoqëri aty ku jeton”, tha Mjellma Mehmeti.
Ndërkaq, sipas ekspertes së shkencave të menaxhimit të sistemeve të informatikës Venera Gudaçi, porositi se, gratë e zonave rurale duhet të shfrytëzojnë mundësitë që ofron zhvillimi digjital.
“Dallimi i qasjes në internet nga gratë rurale në BE dhe në RMV është shumë i madh. Duhen strategji në këtë drejtim. Sfidë tjetër është edhe mungesa e infrastrukturës, të gjithë flasim për internet, por sa nga gratë rurale posedojnë laptop për ta shfrytëzuar për biznesin e tyre. Biznesi digjital është mundësi shumë e mirë. Duhet trajnim adekuat i grave rurale në këtë drejtim”, tha Venera Gudaçi.
Aktiviteti u organizua në kuadër të projektit “Raportimi i besueshëm dhe i larmishëm në gjuhën shqipe”. Kryeredaktorja e Portalb.mk Elida Zylbeari (që udhëhiqet në kuadër të organizatës “Mediat Inovative – Shkup”) theksoi se ideja dhe qëllimi i këtij paneli ishte që të mblidhen ide dhe propozime konkrete se si mund që ekspertët me idetë e tyre të kontribuojnë për një mjedis më të mirë për gratë dhe të njëjtat të zbatohen në praktikë.
Teuta Buci