Зарина Првасевда со настап на „Д Фест“ 2023

„Патуваме во мелодичен занес“, гласи најновата објава на „Д Фест“, откривајќи дека дојранскиот музички фестивал оваа година ќе гостува  вокалната изведувачка на традиционална македонска и светска музика, Зарина Првасевда.

„Длабоко поврзана и инспирирана од природата, a веќе го дефинира македонското наследство со вокал и мелодии кои се потпираат на источно-европските традиции. Таа ги раскажува приказните од нејзиното опкружување низ музика која дише со ритмичка и инструментална разновидност“, гласи објавата.

Влезниците за Д фестивалскиот викенд се веќе во продажба со Ран Корморан акцијата т.е  со нивната цена од 1.100 денари за тридневен фестивалски билет, или 1.200 денари за тридневен фестивалски билет кој вклучува и камп-место.

Билетите како и сите информации за „Д Фестивал“ се достапни на официјалната веб-страница dfestival.mk.

„Смат“ слави јубилеј на главната бина, а Мими Мерцедез пристигнува на „Lake Awake“ на „Д Фестивал“