Започна тридневниот уличен фестивал во Прилеп „Со Марко на улица“.

Со огнена претстава пред Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа започна тридневниот уличен фестивал „Со Марко на улица“.

Првиот фестивал од ваков вид ќе понуди бројни содржини, а целта е да го реактуелизира културното и народното наследство, во овој случај на ликот на големиот собирач на народни умотворби и приказни Марко Цепенков.

Фестивалот беше отворен со огнената претстава на групата „Агни“, а до сабота, до кога ќе траат фестивалските денови, ќе има разни тематски содржини.

Како што најавија организаторите, ќе има зумба часови, програми за деца, театарски работилници, работилница која ќе ја поврзи уметноста со технологијата, дневни кино претстави, студија за цртање мурали, концерти и студио за „боди пејнтинг“ коешто ќе се отвори во сабота во 20 часот.