Започна постапката за бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, соопшти Владата

Владата на Република Северна Македонија денеска информираше дека започна постапката за бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата.

Оттука, Владата утврди дека до крајот на 2021 година, ЈП Национална радиодифузија како носител на реализација на проектот треба да достави предлог листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата.

Исто така, до крајот на април 2022 година, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации во соработка со МИОА е предвидено да одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедување бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите, додаваат од Владата.