Започна јавниот увид во избирачкиот список

Јавниот увид во избирачкиот список започна денеска и ќе трае заклучно со 9 септември на полноќ, информираа денеска од Државната изборна комисија (ДИК).

Заинтересираните граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци, како што посочуваат од ДИК тоа можат да го направат лично, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, како и електронски преку овој ЛИНК.

За време на јавниот увид, подрачните одделенија и канцелариите на ДИК ќе работат секој ден од 8 до 19 часот, а на 9 септември заклучно со полноќ, додаваат оттаму.

Барањата за запишување, бришење или дополнување на податоците во избирачкиот список пак, тие посочуваат дека се поднесуваат писмено во подрачното одделение или канцеларија на ДИК според местото на живеење, или електронски на upisis@seс.mk.