Загриженост за кршење на човековите права во Иран по смртта на тројца притворени по протестите

Активисти за човекови права во Иран изразија загриженост поради масовните апсења за време на најголемите протести во земјата последнава деценија, откако најмалку тројца демонстранти починале во озлогласениот затвор во Техеран.

Двајца членови на иранскиот парламент, блиски до реформскиот блок, потврдиле дека еден притворен, Сина Ганбари, починала во затворот Евин.

Покрај ова, Насрин Сотоуде, истакнат адвокат за човекови права, за Гардијан изјавил дека најмалку двајца други учесници во демонстрациите загинале во затвор. Лицата не биле идентификувани.

Во насилните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили загинале најмалку 21 лице, во протестите кои траеја повеќе од една недела. Според властите, најголемиот дел од убиените се демонстранти, а неколкумина се припадници на безбедносните сили. Повеќе од 1.000 лица, меѓу кои најмалку 90 студенти, биле уапсени.

„Разговарав со затвореник во затворот Евин и ми беше кажано дека тројца притворени го загубиле животот. Кога властите прават масовни апсења, не можат да тврдат дека ги штитат нивните права. Во такви ситуации не е возможно судските процеси да се одвиваат во нормални околности“, рекол Сотоуде.

Тој е особено загрижен поради користењето на неофицијални центри за притвор. За време на претходните протести, во 2009 година, кои следеа по оспорените избори на Махмуд Ахмединеџад за претседател, еден таков центар за притвор – Каризак, привлекол влијание на јавноста бидејќи било објавено дека повеќе притворени демонстранти биле жртви на сексуален напад, тортура или бие убиени.

Политичарите од блокот реформисти, меѓу кои и познатиот пратеник Махмуд Садеги, предупредиле од повторување на ваков скандал.

„Го предупредувам претседателот, службите на безбедност и судските власти од втор Каризак“, напишал Садеги на Твитер.

Истражувачот на Амнести Интернешнал од Иран, Насим Папајиани, вели дека неговите истражувања постојано покажуваат нехумани услови во иранските затвори, кои се преполни, со слаба вентилација и постојана закана од тортура.