Wikipedia ќе го подобрува пребарувачот за полесно наоѓање на сите содржини

Wikipedia од минатата година најави дека подготвува подобар пребарувач, кој ќе овозможи пребарување не само со текст, туку и „со контекстуални знаци кои досега не биле достапни за пребарување“.

Wikipedia добила грант од 250 илјади долари од Knight фондацијата за медиумска иновација.

„Knowledge Engine пребарувачот на Wikipedia ќе го демократизира откривањето на медиумите, вестите и информациите. Ќе ги направи најзначајните информации на интернет попристапни и отворени за уредување, а ќе создаде и отворен пребарувач на податоци на кој нема комерцијален интерес“, објаснува сопственикот на Wikipedia.

Wikimedia има тим на програмери кои работат на подобрување на пребарувачот. Основната задача им е да создадат подобри линкови меѓу сите содржини на платформата, за да биде многу полесно за пребарување и покрај многуте содржини.

Wikimedia вели дека ќе додаде и нови можности, почнувајќи со OpenStreetMaps, како и подобрување на пребарувањето кое сега е ограничено само на текст.

„Нашата цел е да ја зголемиме можноста на луѓето да најдат содржина на Wikipedia и Wikimedia проектите“, изјавил портпарол од компанијата за The Next Web.