Второ издание на ENGAGE Youth – Конференција за социјален активизам кај младите

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на второто онлајн издание на ENGAGE Youth – Kонференцијата за социјален активизам кај младите.

На 27 април (вторник) 2021 година со почеток во 19:00 часот, на платформата за видео комуникација ZOOM, млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, иновација и образование, слобода на говор и култура во нивните локални заедници.

Регистрацијата за настанот е отворена до утре, 27 април, напладне, на следниот линк: https://forms.gle/omXWwFEjikxhwgzU7

Со 6 говорници ENGAGE Youth ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за младинци, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме.

Говорници на конференцијата ќе бидат:

Орхан Багашов, млад иноватор, на тема „Бионичка рака – фантазија преточена во дело“;

Александра Стојаноска, Сојуз на извидници на Македонија, на тема „Извидници на интернет – Што има да се истражи онлајн?“;

Млад знак, Младинско здружение за глуви и наглуви, на тема „Имаме право на знаковен јазик – предизвици и можности за македонскиот знаковен јазик“;

Маја Наумовска, Црвен Крст при општина Кисела Вода, на тема „Играта на зборови може да повреди – акција посветена на онлајн врсничко насилство на волонтерите од Црвен крст“;

Панде Ефтимов и Камелија Каламерникова, артисти, на тема „Артивизам на терен – претворање на навредливи пароли во активистичка улична уметност“, и

Теодора Милеска, ХЕРА, на тема „Пополнување на дупките во формалното образование преку неформална едукација“.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.