Никола Велковски на „ENGAGE“ ќе ја раскаже приказната за „Howitzer“

Третиот говорник на „ENGAGE“ ќе биде Никола Велковски, кој ќе зборува за технологија и ќе ја раскаже успешната приказна за неговата фирма „Howitzer“.

Конференцијата за социјален активизам „ENGAGE“ ќе се одржува во Куршумли Ан на 24 септември од 17 часот, кога посетителите ќе можат да слушнат совети на Никола како да изградат успешен старт ап од своето хоби.

Освен Велковски, досега се најавени и активистката за животната средина Ана Чоловиќ Лешоска и основачката на „Косово 2.0“ – Беса Лучи.

На единствената Конференција за социјален активизам „ENGAGE“, во организација на Радио МОФ и Младински образовен форум, домашни и странски активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со активизам, социјална промена, слобода на говор, животна средина и технологија.

Освен инспиративните приказни и презентации, публиката ќе може да учествува во креативни работилници и да ги поддржи и се забавува со младите артисти учесници на „ENGAGE“.

Регистрацијата е веќе отворена и секој заинтересиран може да го пријави своето присуство преку следниов ЛИНК.

Инаку, во изминатите 10 години „ENGAGE“ стана еден од најголемите собири за поединци и заедници во нашата земја и тоа е единствениот настан за активизам кој е организиран континуирано секоја година. ENGAGE ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy.

Следете не’ за да ги дознаете сите имиња на овогодинешните учесници на „ENGAGE“. Сите детали ќе бидат објавувани на сајтот на Радио МОФ, социјалните мрежи на медиумот и на МОФ, но и на веб-страницата на конференцијата www.engage.mk.