Вработените во МНР ќе се возат со електрични тротинети

„Зелена дипломатија – новото нормално“, вака министерот по надворешни работи преку објава на Фејсбук, информираше дека вработените во МНР ќе се возат со електрични тротинети.

Тој објави и фотографии од промоцијата на електричните тротинети, кои ќе ги користи Министерството за надворешни работи, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.

Фото: Фејсбук

„Практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации“, забележа Османи.

Тој додаде дека за вакви секојдневни дестинации треба во можност на условите, да се користи велосипед или  електричен тротинет.

Фото: Фејсбук

„Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина“, истакна Османи.