Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Поради работни активности на пругата, возовите на релација Скопје – Велес и Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули.

Сепак, релацијата ќе биде активна единствено во недела кога патничките возови ќе сообраќаат вообичаено, според возниот ред.

Од Јавното претпријатие „Железници на РСМ – Скопје“ посочија дека работните задачи што се извршуваат се со цел зголемување на брзината на движењето на возовите.