Волонтерите од Црвен крст им помогнале на 25 000 лица да се снајдат на Клиника

Волонтерите од Црвен крст за 5 месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники во Скопје, соопштија од Министерството за здравство. Пациентите најчесто барале помош за наоѓање на интерните и на хируршките клиники.

Во проект кој го води Црвениот крст, волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.

Радио МОФ со волонтерите од Црвен крст низ лавиринтите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Проектот почна во октомври, минатата година. Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.