Водичи за еколошка едукација на деца

Со цел да се помогне и подобри еколошкото образование и природонауката, „О2 Иницијатива“ реши да го создаде и објави сетот Водичи на природата – триплет на мали водичи преку кои учениците од одделенска настава ќе се запознаат со животот во шумата, барите и езерата и низ градското зеленило.

Сетот на водичи, во издание на издавачката куќа „Чудна Шума“, под авторство на Кирил Арсовски Пржо, издадено за целите на „О2 Иницијатива“ – го води читателот низ мало патување на екосистемите во кое се запознава со живиот свет, животот на растенија и животните, но и начините на кои човекот им влијае и упатства за тоа како можеме да им помогнеме.

Од „02 Иницијатива“ потенцираат дека овој сет на водичи, претставува некомерцијално издание кое во наредните недели ќе биде дистрибуирани низ основните училиште и училишни библиотеки низ државата.

„Еколошкото образование е неопходен процес со цел да се постигне еколошка писменост која ќе води до развој на еколошка свест кај новите генерации. Еколошкото образование меѓу другото претставува и запознавање со природата, биолошката разновидност и природните појави и феномени. Преку него јавноста, особено младите се запознаваат со природните вредности, учат како човекот влијае на нив и како може да се заштити природата – ретките видови и екосистеми“, велат од „О2 Иницијатива“

Иако за дел од овие процеси, учениците може да се запознаат во училница и во училиштата, сепак, велат тие, најдобар начин младите да учат за природата е преку искуствено учење, односно учење со сите сетила, на терен во форма на теренска настава во природата.