Во Тексас воведен најостриот закон за абортус

Американскиот Врховен суд се обиде да ја блокира забраната за абортус, со која е предвидено физички лица да тужат медицински лица кои ја нудат постапката, пренесува „Гардијан“.

Скоро целосната забрана за абортус во Тексас, овозможува физички лица да ги тужат медицинските лица кои го кршат новиот закон, со што се отвораат можностите за вознемирувaње и несериозни тужби од страна на „чуварите“ против абортусот кои на крајот би можеле да ги затворат повеќето клиники во државата.

„Пристапот до абортус ќе стане хаотичен. За жал, многу од жените на кои им е потребна оваа постапка, ќе немаат можност истата да ја извршат, а дополнителен доказ за тоа се постојаните напади што се случуваат во оваа држава. Не ми се верува дека ова им успеа на политичарите, овој злобен закон кој ќе им наштети на многумина“, изјавила Аманда Вилијам, извршна директорка на „Фондот на Лилит“, група за поддршка за жени кои абортирале.

Предлог-законот, воведен преку законодавниот дом во Тексас, е поддржан од републиканците и потпишан во закон од републиканскиот гувернер, Грег Абот во мај. Законот го забранува абортусот и во случаи на откриена ембрионална срцева активност  и не нуди исклучоци за силување или инцест. Тексас е првата држава што законски го забрани абортусот во рана бременост, а напорите тој во последен момент да се запре преку жалба до Врховниот суд на САД не успеаа.

Повеќе земји предложија слични предлог закони, но сите предлози беа блокирани од државните судови. Тексашката верзија на законот е нова бидејќи намерно е напишана со цел да ги штити владините претставници од законот, со што правните простапки се уште покомплицирани. Наместо тоа, законот го поттикнува секој приватен граѓанин во САД да поднесе граѓанска тужба против давателот на абортус или секој што „ја помага или ја поддржува“ постапката.

„Законот итно и катастрофално го намалува пристапот до абортус во Тексас“, велат организациите кои ја нудат оваа постапка, додавајќи дека многу од клиниките за абортус ќе бидат приморани да затворат. Тој ќе спречи мнозинството од жени во Тексас (86 отсто) да имаат пристап до абортус, имајќи предвид дека најголемиот број на жени не се свесни дека се бремени до шестата недела од бременоста.

„Planned Parenhood“ кои имаат 11 клиники во Тексас, но и мрежата на клиники „Whole Woman’s Health“, изјавиле за „Гардијан“ дека ќе го почитуваат ригорозниот закон инаку тој е спротивен од нивните најдобри медицински практики. Во последните денови пред воведувањето на законот, тексашките клиники истакнуваат дека ги враќале пациентките.

Некои лекари кои практикувале абортус во Тексас одлучиле да престанат да нудат услуги, бегајќи од потенцијалниот ризик од несериозни и скапи тужби. На пример, повеќето лекари од четирите клиники за женско здравје во Тексас ќе се затворат за да ја спречат опасноста по нивните животи.

„Ние ќе го почитуваме законот и покрај тоа што е неетички, нечовечен и неправеден“. Законот е опасен по мојот живот и јас очекувам да бидам осуден. Но мојот најголем страв е за животите на црните и латино пациентките кои и онака се под ризик поради логистички и финански препреки“, изјавил гинекологот Газале Моједи.

Законот ќе ги присили жените помош да бараат надвор од границите на Тексас, со што растојанието до првата клиника каде што ќе може да се изведе абортусот се зголемува за 12 пати. Па така, на жените кои сакаат да абортираат ќе им бидат потребни повеќе ресурси од вообичаеното – слободен работен ден, финансиска можност да ја платат процедурата, а во некои случаи и дадилки.

Групите за поддршка при абортус и невладините организации, кои помагаат со финансирање на патот, сместувањето и директната процедура кај жени со ниски примања, во изминатите месеци се труделе да остварат соработка со клиники надвор од Тексас, односно Њу Мексико и Колорадо. Минатата година, Тексас прикажа што ќе се случи доколку абортусот се забрани – кога државата ги забрани процедурите за абортус за време на карантините поради Ковид-19, бројот на жени кои излегле од Тексас се зголемил за 400 отсто.